Почеток – март 2021 | Веднаш достапна претпрограма
SQL, Data Warehouse, Data Lake,
структуирани и неструктуирани податоци
Испитување на постоечки датабази со цел извлекување нови информации
Бизнис анализа и визуелизација во Power Bi, DAX, Advanced Excel, Power Query, Power Pivot
Програмирање за Data Science, обработка на клучните Python библиотеки за Machine Learning и предиктивни модели
Статистички модели, математика и калкулус
за анализа на податоци и Data Science
Структуирање, моделирање и манипулирање на големи количини податоци
Според LinkedIn, најперспективна професија во 2020 е Data Scientist, со раст од 56% во бројот на отворени работни места за една година и просечна плата од 130.000 долари годишно.
Преку оваа 12 месечна програма, со учење на практични примери, ќе се стекнеш со вештини што постануваат неопходни не само во IT секторот, туку и во сектори како финансии, здравство, телекомуникации, осигурување, FMCG, урбано планирање, транспорт и логистика.
На Академијата за Data Science ќе се стекнеш со клучните дисциплини во оваа област како:
Со стекнатите вештини ќе можеш да придонесеш за висок развој на скоро секој бизнис што располага со големи датасетови преку анализа на податоци, напредна статистика и предвидување. Покрај бизнис секторот, ќе можеш да се насочиш и како Data Science истражувач за потребите на веќе етаблирани проекти.
Интензивната програма на Академијата не само што ќе ти овозможи да се стекнеш со потребните вештини во Data Science под менторство на врвни инструктори, туку и ќе ти помогне да креираш портфолио работејќи на реални проекти како дел од нашата Learning Partners програма.
Покрај тоа, ќе учиш во нашиот нов технолошки центар наречен Brainster Space, што ќе можеш да го користиш и вон часовите и каде ќе ги следиш сите други Data Science активности што ги планираме (настани, гостински предавања, работилници). Секако, имаш можност Академијата да ја следиш и онлајн.
На крај, по завршувањето на Академијата ќе имаш многубројни можности за вработување преку нашите партнери Colony и Laika.
Во Академијата се вложуваат огромни ресурси, како од наша, така и од твоја страна. Нашата мисија е да доставиме највисоко ниво на едукација во Data Science и затоа се прави селекција од кандидатите за да се одберат најсоодветните учесници на Академијата. Притоа, од секој учесник се очекува безрезервна посветеност во следните 12 месеци. Нема да биде воопшто лесно, но без сомнеж, трудот ќе се исплати.
“Last 20 years were all about IT (information technology). The next 30 years will be for DT (data technology). Now everything will be data driven, not information driven.” – Jack Ma, CEO of Alibaba.
Веќе сме длабоко навлезени во ерата на податоци. Најголемите и најбрзорастечки компании го засноваат својот бизнис и технологии на Data Science (Amazon, Apple, Facebook, Spotify, Tesla, Netflix). Затоа Data Science е една од најплатените и најбарани професии денес. Притоа овозможува работа во речиси секој сектор затоа што потребата од овој кадар секојдневно расте.
Уште една од уникатните придобивки на Data Science како кариера е тоа што овозможува работа во повеќе домени. Така, со завршувањето на Академијата секој кандидат покрај Data Scientist, ќе може да се насочи и кон кариера како Data Analyst, Data Engineer, Data Architect, Machine Learning Developer, Business Intellegence Analyst итн.
Кога станува збор за сектори, Data Science е веќе длабоко навлезена скоро секаде. Покрај IT секторот, предничат финансискиот сектор (банки, осигурителни компании, FinTech компании), здравствениот сектор, телекомуникации, е-трговија, транспорт и логистика.
На сите академиии на Brainster, студентите во текот на програмата ќе имаат прилика да посетуваат работилници за креирање на портфолија, подготовки за интервјуа и кариерни консултации како дел од Brainster Career, каде обуката ќе ја водат професионалците од платформата за поврзување на компании и професионалци од дигиталните индустрии
Следната група на Академијата ќе започне во март 2021 и секој учесник со запишувањето отпочнува подготвителна претпрограма на нашата платформа за учење. Часовите на Академијата ќе се одржуваат три пати неделно, во работни денови, со времетраење од 2 часа. Предвидени се и термини за вежби секоја сабота.
Групата ќе биде составена од 22 учесници, а селекцијата на кандидати е во тек.
Бројот на студенти е ограничен поради формирање на оптимални групи за работа што ќе овозможат најтемелно учење
6 делумни стипендии за најдобрите кандидати и Можност за финансирање преку opportunity FUND
ЦЕНА НА АКАДЕМИЈАТА – 2.450 EUR на 20 месечни рати без камата
За повеќе информации околу Академијата и можностите за финансирање, контактирајте го Иван Ефремов, координатор на Академијата, на тел: 078/213-652
За нас:
Brainster e компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза и ефективна стратегија за учење вештини како Data Science, програмирање, маркетинг, дизајн, Software Testing и WordPress.